Матурант од Велес прободен со нож

 

Осумнаесетгодишен ученик од Велес денеска околу 13 часот бил прободен во рака при тепачка во дворот на хемиското училиште „Димитрија Чуповски“, информираше СВР Велес.

Во физичката пресметка учествувале средношколци од хемиското училиште, од УСО „Коле Неделковски“ и две лица од Скопје и биле користени метален боксирач и ножеви.

А.Х бил повреден во левата рака и бил пренесен во Медицинскиот центар во Велес, каде му била укажана лекарска помош.

Велешката полиција работи на целосно расчистување на инцидентот, по што ќе следуваат соодветни пријави против сторителите.

најчитано сега