Каменуван Мерцедесот на навивачите на „Фени индустри“ во Аеродром

 

Во средината на месецов полициската станица -Аеродром добила пријава за каменувано возило. Било пријавено дека на паркинг просторот пред спортската сала „Јане Сандански“ од страна на неколку лица било каменувано патничко моторно возило „мерцедес“ во кое се превезувале навивачи на КК „Фени индустри“ од Кавадарци.

При каменувањето едно лице се здобило со телесни повреди.

По преземени мерки пронајдени се две лица С.К.(23) и Б.Т.(18) за кои постои сомнение дека се можни сторители, по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.

29.10.2014 - 11:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега