Индустриското производство поголемо за 9,1 отсто
Индустриското производство во септември е зголемено за 9,1 процент во споредба со истиот месец минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Пораст има во секторите Рударство и вадење камен за 7,7 проценти, Преработувачката индустрија за 12,9 проценти, додека во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има намалување од 15,9 проценти.
Гледано по главните индустриски групи, зголемување има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6,9 проценти, Капитални производи за 64,5 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,3 проценти.
Опаѓање се бележи кај Енергија за 11,1 проценти и Трајни производи за широка потрошувачка за 8 проценти.
Во периодот јануари - септември индустриското производство е зголемено за 4,8 отсто во однос на истиот период 2013 година, говорат податоците на Статистика.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа