Отворено е досието за Тито во ФБИ: Ова не е вистинскиот Јосип Броз Тито?
ФБИ добило дојава во април 1955 година дека човекот кој се претставува како маршалот Тито не е вистинскиот Јосип Броз Тито, туку руски агент кој го зел идентитетот на Броз во 1937 година во времето кога вистинскиот Тито исчезнал во Русија, пишува во еден од стотината документи кои од неодамна повеќе не се државна тајна.
Пријавата ја поднел извесен Маријан Џон Маркул натурализиран Американец кој се декларирал како социјалист кој е подготвен да соопшти информација која би можела да биде од важност за безбедноста на САД.
Маркул го знале Тито пред војната . Со вистинскиот Јосип Броз разговарал во 1928 година во Југославија, а потоа повторно го видел во Париз 1935 или 1936 година на улица. Сигурен е дека тоа бил вистинскиот Тито. Следниот пат го видел Тито кога ја посетил Југославија во 1953 година и разговарал со него.
Тогаш забележал дека Тито има 5 прсти на секоја рака, а на вистинскиот Тито му недостигале кажипрст и среден прст на левата рака тврдел Маркул.Исто така забалежал дека Тито бил многу добро образован и знаел да свири клавир, за разлика од вистинскиот кој немал образование. Исто така Маркул тврдел дека вистинскиот Тито бил висок 180 сантиментри, а човекот кој го примил во 1953 та бил висок околу 160 сантиментри. Маркул тврди дека вистинскиот Тито зборувал грубо, а неговиот двојник имал благ руски нагласок и зборувал со мек глас. Исто така според Маркул, вистинскиот Тито боледувал од туберкулоза и исчезнал во 1937 додека бил во Русија, пишува во документите на ФБИ.
Маркул исто така напишал дека и неговиот татко кој тогаш имал 89 години и го познавал вистинскиот Тито тврдел дека претседателот на Југославија не е е ист со Тито кој во 1937 година бил секретар на Комунистичката партија се наведува во документот.
Маркул навел и дека личност по името Живко Топаловиќ може да ги потврди неговите зборови. Тој човек добро го познавал Тито бидејќи бил со Тито во југословенската војска. Топаловиќ тврдел Маркул, верува дека Тито е рускиот генерал Николај Лебкдев.
Маркул тврдел дека југословенската влада глумела дека има несогласувања со СССР за да добие помош од САД , а всушност немало никаво недоразбирање пишува во документот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа