Тетовчанец заврши на Ургентен

 

Околу 01 часот по полноќ во .Желино, тетовско, се случила крвава тепачка помеѓу 26-годишниот Ј.А. и 34-годишниот Д.Ф. од Тетово. Според податоците од полицијата, Д.Ф. се здобил со повреди најверојатно нанесени од нож по што бил веднаш пренесен во Клиничка болница Тетово од каде е префрлен во Ургентен Центар Скопје.

Ј.А. со такси возило со уште неколку лица се упатил кон Тетово но истите се пронајдени и приведени.

30.10.2014 - 11:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега