Внимавајте: Фалц пари кружат во Македонија

 

Полициската станица Свети Николе поднесе кривична пријава против 46-годишниот С.В. од Свети Николе, за сторено кривично дело „фалсификување пари“. На 19 септември оваа година, во 19 часот и 30 минути во колонијална продавница во село Пеширово, светиниколско, тој од вработената побарал да му размени 200 евра, за што истата му дала 12.200 денари. Наредниот ден, откако се посомневала во валидноста на банкнотата, истата ја доставиле во банка каде утврдиле дека е фалсификувана.

30.10.2014 - 12:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега