Со БМВ-то удрил во банкина - детали сообраќајката на патот Куманово-Скопје

 

Едно лице почина, а четири други се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска напладне на автопатот Куманово – Скопје, во близина на бензинската пумпа „Макпетрол“ кај Романовце.

Автомобил марка „БМВ“ со кумановски  регистарски таблички се движел во правец Куманово – Скопје и во близина на бензинската станица удрил во заштитна банкина.

Сите петмина се од кумановското село Черкезе. 

Увидот е во тек.

30.10.2014 - 13:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега