И Даниел Кајмаковски во филмот „Ќе бидеме светски прваци“
Даниел Кајмакоси ќе го пее саундтракот на новиот филм кој се снима а носи наслов „Ќе бидеме светски прваци“, јавува Канал 5.
Станува збор за филм кој ќе треба да сведочи за успесите на екс ју кошаркарската екипа во 1970. година кога го освои светскиот трофеј.
-Ќе ми биде голема чест да учествувам во еден ваков голем проект и во една таква убава приказна, во која можеби ќе се појавам и како актер, изјави Кајмаковски.
30.10.2014 - 20:37
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа