Уште една тешка сообраќајка во Македонија вечерва

 

Тешкa сообраќајна несреќа се случи денеска на патот за дебарското село Могорче, кога камион на ЈП „Македонија пат“ се преврте при што тешко е повреден возачот на камионот.

- Во нашата болница со возило на итната медициска помош беше транспортирано лицето Ѓ.П. (48) од Велес, со компресивна фрактура на лумбален пршлен, фрактура на три ребра, како и набиеници. По направените ренгенски снимки и дадената потреба  медицинска помош, повредениот е транспортиран во Ургентниот центар во Скопје, изјави доктор Баки Алили, директор на Општата болница во Дебар.

Според него повредениот бил во свесна состојба.

ЈП „Македонија пат“ е ангажитрано во реконструкцијата и проширувањето на патот кон селото Могорче  и во делот кај што се случила собраќајката камиони на претпријатието носеле материјал за тампонирање на патот. 

30.10.2014 - 22:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега