Не постои потенцијал за загрозување на финансиската стабилност во Македонија
Гувернерот на НБРМ Димитар Богов во интервју за МРТ истакна дека не постои потенцијал за загрозување на финансиската стабилност, а ризици во банкарството секогаш има, тоа е работа на банкарите да работат со ризици, меѓутоа со ризици кои се пресметани и контролирани.
Тој вели дека денарот останува стабилен и не треба да има сомнение за тоа.
Според последните податоци на Народната банка штедењето континуирано расте, се зголемува стапката на раст, особено кај претпријатијата.
-Ако во претходните шест години стапката на раст кај претпријатијата, во некои беше негативна, а во некои минимално позитивна, оваа година таа е веќе двоцифрена околу 12 проценти. Тоа соодветстува на закрепнувањето на економијата и исто така укажува дека се подобрува ситуацијата со ликвидноста во реалниот сектор. Штедењето кај населението континурано си расте, таа стапка сега и се зголемува, во моментот е околу 8 проценти на годишно ниво, образложи Богов.
За ризиците во банкарскиот сектор гувернерот вели декаризици во банкарството секогаш има, тоа е работа на банкарите да работат со ризици, меѓутоа со ризици кои се пресметани и контролирани.
-Значи, ризиците се под контрола, банките за ризичните пласмани имаат целосна покриеност со издвоени резервации, така што не постои потенцијал за загрозување на финансиската стабилност, истакна тој.
За спроведувањето на стрес-тестот кој им се прави на банките Богов истакна дека нивната цел е да се видикои банки се ранливи на потенцијален шок за потоа да се превземат мерки да се зајакнат, однсоно да се побара од нините акционери да го зголемат капиталот, да ги намалат ризиците со цел тие банки да можат да издржат и евентуален негативен удар или негативни движења во економијата.
За Тутунска и за Стопанска банка тој посочи дека се две од неколкуте најдобри банки во нашиот банкарски систем и се одлично капитализирани, имаат одлична ликвидност.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа