Актерот кој прегази бабичка кај Нова Градишка обвинет за убиство

 

Полициската управа од Сисак поднесе до општинскиот државен суд во Кутина кривична пријава против познатиот босански актер Емир Хаџихафизбеговиќ поради предизвикување на сообраќајна несреќа, пренесоа хрватските медиуми.

Тоа што помина подолго време од несреќата до покренувањето на обвинителниот акт се правда со тоа што кривичното дело било сложено, биле потребни повеќе вештачења и со намера да се состави поквалитетна кривична пријава која нема да ја отфрли Државниот судски совет.

До несреќата дојде на автопатото кај Новска, во местото Брочице на 12 октомври околу 20 часот кога загина 63-годишната Анкица Кудуз од Загреб која стоела покрај запрено возило и која од здобиените повреди подоцна починала во болницата во Нова Градишка.

Несреќата се случила на местото каде 20 минути пред тоа се уште непознат возач ги урнал сите светлечки знаи, со кои било означено дека има работа на патото и дека сообраќајот се пренасочува на десната коловозна лента. Против тој непознат возач полицијата исто така поднесе прекршочна пријава поради бегство од местото на несреќaта.

Босанскиот актер глуми во најновиот македонски игран филм „Деца на сонцето“, а на македонската публика и е познат и од филмот “Караула“.

31.10.2014 - 10:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега