Филмска бркотница во Тетово
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 36-годишниот С.М. за сторено кривично дело „кражба“ и 49-годишниот С.И. и 20-годишниот С.А. од Џепиште, за спречување службено лице во вршење службено дејствие.
На раскрсницата помеѓу селата Џепиште и Порој, од страна на полициски службеници при обид да биде запрен трактор натоварен со огревни дрва, управуван од првопријавениот, истиот ја зголемил брзината и се упатил во правец на Џепиште каде влегол во дворно место, а откако полициски службеници се обиделе да го приведат, второ и трето пријавените ги спречувале при извршување на службените дејствија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа