Битола: Го напиле и му подметнале договор за долг

 

 

Кривична пријава е поднесена против В.С.(46) од Битола и К.М.(41) од Прилеп поради постоење на основано сомнение дека сториле кривични дела „измама“ и “измама при работење со хартии од вредност или удели“.

Првопријавениот како основач на правното лице „Електро Техникон„ ДООЕЛ-Битола, со блокирана сметка заради неисплатени обврски кон УЈП за даночен долг и ДДВ во договор со второпријавениот, искористувајќи ја здравствената состојба на лице од Прилеп. Оштетеното лице,  под дејство на алкохол го довеле во заблуда, за да потпише Договор за пренос на удел и друга пропратна документација за промена на седиште на фирма, управители сл. кај нотар во Прилеп, со што оштетениот станал должник на парични средства за ДДВ и данок од добивка.

31.10.2014 - 11:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега