Издрогираниот скопски пар наседнал на пријателство Фејсбук

 

Како брачниот пар од Радишани се најде на Галичица? Супер радио Охрид обајавува дека се започнало со наивно другарување на Фејсбук. Токму на оваа социјална мрежа пристигнала понудата на која наседнал парот, „Мерцедес Ц220“ произведен 2002 година за само 3.500 евра. Измамата која им помогна да ги ограбат Р.Ѓ. и С.Ѓ. ја смислиле двајцата охриѓани со иницијали Г.П. (37) и Г.П. (37)

Двајцата измамници се договориле, скопјаните да ги земат парите во рака и да дојдат во Охрид по возилот. На 3. јуни, едниот измамниците ги преччекал скопјаните на авотбуската станица и ги одввел во својот дом, каде ги почести. со кафе и кисела вода. Наместо да се релаксираат, скопјаните почувствувале зашеметеност и паднале во бесознание. Скопјаните се разбудиле на Галичица дури во 18:40 попладнето и повикал помош.

Едниот осомничен веќе е приведен, додека другиот е сеуште во бегство.

Досегашната истрага покажала дека единствен мотив на охриѓаните биле парите.

Од СВР Охрид информираат дека натрапникот кој е во бегство е нивни редовен “клиент“ кој одлежувал и затворска казна. Од полицијата најавуваат дека му се во трага и дека наскоро ќе се најде зад решетки. Другиот измамник, пак, важел за мирен човек кој одредено време работел како таксист.

- Брачната двојка е пронајдена од полициските службеници и пренесена во Општата болница во Охрид каде што се констатирани набиеници и гребаници по главата, градниот кош и екстремитетите на сопружниците и употребено средство со непозната содржина за успивање. По извршениот претрес во домот на првопријавениот, одземени се повеќе предмети кои се испратени на вештачење во Скопје, велат во СВР – Охрид, пренесува Супер Радио Охрид.

најчитано сега