Околу 50 илјади компании оствариле промет од над 900 милиони денари

 

Промет од 963.846 милиони денари и додадена вредност од 207.724 милиони денари оствариле минатата година 53.793 компании. Во тие компании биле вработени 335.677 лица.

Според податоците на Државниот завод за статистика, најголем број од претпријатијата се од секторот Трговија на големо и на мало со 27 проценти од вкупниот број на вработени и реализирани 44,2 проценти од вкупниот промет. Како втор по значење е секторот Преработувачка индустрија кој учествува со 30,7 проценти од вработените и 23,7 проценти од вкупниот промет. 

Во вкупната додадена вредност, пресметана според фактор на трошок најголемо учество имаат претпријатијата од секторот Преработувачка индустрија (24.6%) и секторот Трговија на големо и на мало (23.5%). 

Во однос на големината преовладуваат микропретпријатијата со помалку од 10 вработени каде биле ангажирани 34,1 процент од вкупно вработените. Од друга страна, во големите претпријатија биле ангажирани 21.9 отсто од вкупниот број на вработени со остварени 33,6 проценти од вкупната додадена вредност во рамки на деловниот сектор. 

31.10.2014 - 14:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега