Киднапирана и ограбена сред бел ден - стружанка доживеала вистински хорор

 

Лицето С.К. од Струга била киднапирана на 31.10.2014 година во центарот на Струга откако излегла од „Тутунска банка“ и се движела кон пекарата „Алмико“. Киднапирањето го пријавил адвокат од Струга.

Немилиот настан се случил околу 09:00 часот во близина на пекарата „Алмико“. Стружанката била пресретната од женско лице кое преку устата и носот и ставила некоја течност по што влегла во патничкото моторно возило со непозната регистарска табличка, а истото било управувано од друго женско лице на возраст од педесет години. 

Кога влегле во возилото и ставиле марама преку лицето, а по 20 минути возење, ја внеле во непозната просторија. Претходно од чаната и ги украле парите кои биле во износ од околу 2000 евра. 

Околу 13:00 часот оштетената била пронајдена на клупа на плажа.ПС-Струга презема мерки за расчистување на случајот.

01.11.2014 - 13:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега