Трагедија во Велес: Синот му го прегазил воз па го закопал со камења

 

Пет лица државјани на Авганистан утринава во 06:20 часот пријавиле дека во раните утрински часови, движејќи се пеш по железничката пруга Градско-Згрополци наишол товарен воз и едно лице било прегазено.

Лицето авганистански државјанин на возраст од 44 години со своите пет деца пешачеле крај пругата Градско-Згрополци, по што едно од децата, 20-годишно момче, било прегазено од воз.

Четириесет и четири годишниот човек пријавил дека телото го покрил со камења од пругата и продолжил заедно со четирите деца да се движи пеш кон Скопје.

Понатамошната истрага спроведена во врска со овој случај покажа дека починатиот е син на пријавителот, односно тие двајца заедно со останатите 4 деца пешачеле долж пругата за време на несреќата.

 

 

01.11.2014 - 16:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега