Херојски: Поражникарите спасија две деца од запалена куќа во Велес

 

Пожар избувна денеска претпладне во куќа на улица „Пеце Димов“ број 62 во населбата Керамидна во новиот дел на Велес, при што целосно изгореа покривот, дел од катот и покуќнината.

Пожарникарите успеаја навреме да ги извлечат четирите деца кои во тоа време спиеле, велат за МИА од Територијалната противпожарна единица од Велес. Мајката на децата спиела во соседната соба. Пожарникарите по јавувањето за пожарот од страна на соседите веднаш реагирале со две возила и пет пожарникари.

Според првичните сознанија, причина за пожарот  е неиспарвен кабел од електрична инсталација.

Љупчо Лепидовски, командир на ТППЕ од Велес изјави дека е направен увид од припадници на велешката полицијата кои работат на утврдување на причините за пожарот

01.11.2014 - 20:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега