Свеќите причина за пожарот во „Свети Спас“
Црквата „Вознесение Христово“ во беровското село Владимирово изгоре поради свеќите кои се запалиле крај олтарот се споиле и потпалиле запаливи материјали, пренесува Плусинфо.
Во пожарот целосно изгоре еден од најстарите и најубави православни храмови во Малешевијата.
- Интервенцијата на противпожарната служба од Берово не можеше да ја спречи огнената стихија, која за петнаесетина минути до темел ја изгоре црквата во Владимирово, но со трите цистерни и помошта од локалното население придонесе да го спречи проширувањето на пожарот до помошните црковни објекти и соседните куќи - информираше пожарникарот Димитар Бокушовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа