Познат идентитетот на Сириецот кој беше прегазен од воз

 

Педесет и шестгодишниот Зијуат Ј. од Сирија вера настрада откако во него удрил возот со број 334 кој сообраќал на релација Гевгелија - Скопје. Немилиот настан се случил кај местото „Лагот“ на железничката пруга Неготино, во периодот околу 18:15 часот. Лицето починало на лице место. 

Во моментот на незгодата биле присутни уште шест лица сириски државјани, кои по наредба на јавен обвинител ќе бидат однесени во Прифатниот центар Скопје.Увид на лице место извршла екипа од ПС-Неготино. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

02.11.2014 - 13:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега