Тешка кражба сред бел ден - Скопјанец олеснат за повеќе од 2000 евра
Триесет и седумгодишниот Д.В. од Скопје синоќа бил ограбен од страна на непознат сторител кој се стекнал со противправна имотна корист од околу 140.000 денари. Арамијата во периодот околу 15:00 до 17:30 часот успеал да ја отвори балконската врата и да влезе внатре во домот на Д.В. кој се наоѓал на ул. „Крагуевачка“. По извршеното пребарување по собите тој земал три рачни часовници (Касио, Своч и Есприт), пиштол „Зброевка-75“ кал.9мм, дозволата за поседување и носење на оружјето и златен накит (прстени, ланче, обетки), а потоа го напуштил лице местото. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа