Храмот „Св. Спас“ во Владимирово пеплосан до темел
Пожарот кој што вчера изби во црквата „Св. Спас“ во беровското село Владимирово се случил околу 10:35 минути, при што изгоре целата внатрешност во хранот и покривната конструкција (иконостас, стари икони од непроценлива вредност, црковни книги, свеќници и останати црковни предмети). Се верува дека до несреќата дошло откако се запалиле неколку свеќи. Од екипа на ТППЕ-Берово пожарот е изгаснат. Увид на лице место извршила екипа од ПС-Берово. Материјална штета дополнително ќе биде утврдена.
02.11.2014 - 13:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа