Ако немаат пари нема да можат да откупуваат тутун
Од март 2015 година, согласно последните законски измени на Законот за тутун, ќе стартува електронската евиденција на тутунот, со што се очекува да бидат надминати сите проблеми со склучувањето на двојни или тројни договори за иста површина на тутун, пренесува Нова ТВ.
Заменик министерот за земјоделие Ванчо Костадиновски смета дека на тој начин ќе бидат заштитени и двете страни од било какви манипулации во процесот на договарање, производство и откуп на тутунот.
Со новите измени сите окткупувачи на тутун ќе бидат принудени да обезбедат финансиски средства за исплата на договорените количини, и тоа да го направат преку два начини. Едниот преку банкарска гаранција, или со посебна наменска жиро сметка која ќе се користи за исплата на договорениот тутун.
„Со ова од една страна овозможивме да се обезбедат и да бидат осигурени побарувањата на тутунопроизводителите, а од друга страна им овозможивме на откупувачите две можности да обезбедат финансиски средства“, изјави заменик министерот Костадиновски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа