Трагедија во Драчево: Работник остана без нога
Работник во приватна фирма во Драчево попладнево беше тешко повреден, а се уште е во критична состојба.
Како што пренесе Сител, 51-годишниот маж ги извршувал работните обврски, додега ископувал земја, со бушалица си ја фатил ногата.
Потоа се одвивала вистинска спасувачка драма.
Пристигнало едно возило на Итна медицинска помош, кое веднаш побарало засилување. Цели тимови на доктори се обидувале да помогнат. Дежурните служби експресно се екипирале, на лице местото пристигнал анестезиолог кој успеал да го одржи пациентот во живот пред да дојде во рацете на хирурзи и трауматолози.
Докторите со часови се обидуваа да помогнат, но не успеаја да ја спасат ногара расечена од бушалица.
Работникот остана без нога, која мораше да му биде ампутирана.
Како што јави Сител, на скопската клиника се уште се санираат последиците од несреќата, а пациентот е надвор од животна опасност.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа