ТРАГЕДИЈА: Загинаа мајка и две деца, таткото се бори за живот (ФОТО)
Страшна трагедија се случи вчера околу 13 часот, кога товарен воз налетал на автомобил кој поминувал на пругата Винковци – Дреновци во Хрватска и целосно го смачкал.
Во несреќата загинаа четири лица, а две се тешко повредени. Според неофицијални информации семејството се враќало од гости.
Животот го загубија 43-годишна мајка нејзиниот 15-годишен син и 17-годишната ќерка, а 44-годишниот татко и 10-годишниот син се борат за живот.
Иако на преминот на пругата имало соодветен знак „стоп“, мештаните комнетирале дека преминот е опасен, бидејќи истиот не е осветлен.
03.11.2014 - 10:17
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа