Пронајдено последното тело од бродот „Коста Конкордија“
На бродот „Коста Конкордија“ пронајдено е телото на последниот 32 загинат, индискиот стјуарт Расел Ребело, јавија италијанските медиуми.
Останките на Рабело, кој досега се сметаше за исчезнат, пронадни се меѓу мебелот во осмата кабина.
Потонатиот брод „Коста Конкордија“ беше извлечен од морето и однесен во пристаништето во Ѓенова.
Бродот „Коста Конкордија“ кој пловеше по Средоземно Море, потона на 14 јануари 2012 година. На бродот имаше 4.200 патници и членови на екипажот, од кои 32 загинаа.
03.11.2014 - 16:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа