Голем интерес за ИПАРД програмата во Кавадарци и Росоман

 

 

Голем е интересот кај кавадарчани и росоманци за аплицирање по најновиот повик од ИПАРД програмата, информираше денеска Лазе Стамаџиев, самостоен референт во работната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во Кавадарци.

- На повикот можат да се јават сите заинтересирани физички и правни лица  со регистрирана земјоделска дејност, а можат да обезбедат земјоделска механизација и опрема, систем капка по капка, изградба на објекти за производство и преработка на земјоделски и сточарски производи и слично. Нашите земјоделци се најмногу заинтересирани за земјоделска механизација и опрема, но и за систем капка по капка како и за мрежи кои штитат од премногу сонце и градобијни зрна, соопшти Стамаџиев.

Тој посочи дека повикот трае 45 дена односно до 10. декември, а можат да се јават сите регистрирани земјоделци од рурални средини кои исполнуваат одредени услови за кои можат да се информираат во работната единица.

- Поддршката е таканаречена 50-50, при што земјоделецот чија апликација ќе биде прифатена вложува на пример десет илјади евра а потоа ќе му биде вратена половина од инвестицијата, потсети Стамаџиев. 

04.11.2014 - 11:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега