Многу среќа на стартот на ноември - добивки во Топ 5 и Ново лото
Бројките носат среќа. Ова резултира со добивки и среќни играчи на игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија. На стартот на ноември, убави добивки донесоа и 44то коло на Топ 5 и 88-то коло на Ново лото.
Имено последното издание, 44то коло на Топ 5 кое се емитуваше синоќа, на МТВ заедно со прекрасната водителка Маја, донесе нова возбуда, посебно кај еден од нашите среќни играчи. Вчерашното коло го донесе добитникот на добивката 4+1, вредна 198.802,00 денари.
Нашиот комјутерески систем лоцираше дека среќното Топ 5 ливче е уплатено во продажното место Тото Лото во Струмица. Уплатени се 5 комбинации на Топ 5 и 1 комбинација на Топ 5 Џокер, во вкупен износ од 95 денари. Уплатата е извршена точно на среќниот ден, 03.11.14, а добитна е 3тата комбинација. Извлекувањето на новото 45 коло на Топ5 ќе биде реализирано во понеделник на 10.11.14 на МТВ.
Стартот на месец ноември, Државна лотарија на Македонија го бележи и со други добивки. Саботното извлекување на 88то коло на НОВОЛОТО реализирано на 01.11.14 на Сител телевизија го донесе меѓу другите добивки и среќниот добитник на 6 погодоци. Добивка е вредна 343.011,50 денари. Уплатата е извршена во уплатното место ММ МАР МАР правда во Скопје. Уплатени се 10 комбинации на Ново лото и 3 комбинации на Ново лото Џокер, вкупно 210 денари. Добитна комбинација била 7мата.
Следното извлекување на 89то коло на Ново лото ќе биде реализирано утре, 5.11.14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа