Барате работа? - „Јагјемезлер“ бара 150 работници за новата фабрика во Штип
Од Нова година почнува со работа фабриката за производство на индустриски ластик на турската фирма „Јагјемезлер“, која веќе 10 години има своја текстилна компанија во индустриската зона во поранешниот Текстилен комбинат „Македонка“ во Штип.
Денеска во компанијата пристигнаа дополнителни 12 специјализирани машини, кои заедно со претходните ќе бидат и инстализирани за производство.
Во моментов моментоцв се бараат 150 невработени млади лица кои ќе се обучуваат за производство во новата фабрика.
Сопственикот на „Јагјемезлер“, Рахми Каја вели дека оваа инвестиција чини околу 9 милиони евра. Но, плановите не му застануваат и најавува дека во план им е и отварање голема фабрика за производство на индустриски ластик во ТИР зоната во Штип.
- За фабриката која планираме да ја градиме во ТИР зоната во Штип потребни ни се 25000 метри квадратни, а за овој наш план ќе разговараме со градоначалникот на Штип и секако со претставници на Владата. Планираме во оваа фабрика да имаме 500 машини за производство на индустриски ластик. Значи една година ќе работеме овде во оваа фабрика со 100-те нови машини и ќе се обучуваат работниците, откако ќе го усовршиме производството ќе преминеме кон изградба на фабрика во ТИР зоната, изјавил Каја.
Според него, Владата во изминатиот период ги поддржува инвеститорите, а секако тие се должни и да си ги исполнат и своите обврски. Оваа компнаија во Штип веќе 10 години произведува текстилни материјали, но и деним производи, кои само 2 проценти се пласираат на домашниот пазар, а останатото производство е на пазарите во Турција и Европа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа