Дрски, вооружени и опасни - притвор за насилниците кои ја пустошеа Битола

 

Битолчаните К.Б.(18) и Г.З. (37) заработија кривични пријави поради извршени разбојништва, а истражен судија им одреди и 30-дневен притвор.

К.Б. на 29 мај ја нападнал и турнал на земја 54-годишната К.Ш од Битола, државјанин на Македонија и на САД. И ја одзел чантата во која имало 550 евра, 100 американски долари, околу 5.000 денари, кредитни, здравствени картички, телефони, оштетувајќи ја за околу 93.000 денари, при што и  нанел и телесни повреди. Инцидентот се случил околу 3.30 часот на ул.„Стерјо Ѓоргиевски-Џоџа“ во Битола.

Г.З., пак, на 27 март маскиран со фантомка и очила за сонце влегол во казиното „Сити клуб“ - Лотарија на Македонија, на ул.„Климент Охридски“ во Битола и, заканувајќи се со пиштол и нож, од вработен во казиното одзел дрвена касета во која имало 176.119 денари. Потоа вперил пиштол и нож кон С.П. (57) од Битола и му одзел 1.300 денари. Разбојништвото го извршил околу 4.40 часот, по што го напуштил казиното.

најчитано сега