Јанкјошек: Размислуваме да отвориме нова компанија - Македонија има одлична бизнис клима
Компанијата „Гленмон глобал солушн“ размислува да отвори свое претставништво во Македонија и да вработи неколку инжинери. Ова на бизнис форумот во Чикаго каде владината делегација ги презентира можностите за инвестирање во Македонија го потвридиле преставници од компанијата.
- Една од најзначајните работи се даноците. Даноците во Македонија се многу ниски. Тоа покажува дека Владата е пријателски настроена кон бизнис заедницата, а тоа е многу важно за секоја компанија која што сака да инвестира надвор од границите. Многу е значајно таму кадешто сакаат да ивестираат да има добра бизнис клима и Владата да има добра политика за отворање на бизниси. Владата во Македонија го докажа тоа и не само во последните неколку години, туку ова е политика која континуирано се спроведува од 2006-2008 година привлекување на ивеститори, воспоставување добар однос и регионална економска соработка, посочи Дејвид Јанкјошек од компанијата „Гленмон глобал солушн “.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа