Стружанец осиромаши преку ноќ

Во полициската станица Струга вчера З.А. од селото Делогожда пријавил дека во неговата куќа била извршена тешка кражба. Стружанецот пријавил дека му биле одземени мал куфер во кој имало лични документи, документи за идентификација и разновиден златен накит, со што бил олеснет за околу 150.000 денари.

Според податоците од полицијата, крадецот со алат ја отворил балконската врата од куќата, влегол внатре, се упатил во спалната соба и откако ги одзел предметите избегал од местото на настанот.

05.11.2014 - 12:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега