Земјоделските задруги да аплицираат за финансиска помош до 100.000 евра
Еден од стратешките приоритети на македонската Влада во областа на земјоделието е охрабрување на земјоделските стопанства затоа што на тој начин, со нивното окрупнување да се даваат многу поголем број на можности за самите земјоделски стопанства.
Охрабрувањето од страна на Владата доаѓа преку една поширока палета на мерки кои се превземаат и кои најчесто се однесуваат на поголеми финансиски примања на овие земјоделци кои се здружуваат во земјоделските задруги, ги добиваат од страна на државата како дел од субвенциите кои во определен број се зголемени.
Една од овие мерки е актуелниот оглас кој веќе е распишан од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Рокот за оваа мерка е продолжен и ќе трае до 12-ти ноември.
Повик за земјоделските задруги да аплицираат за финансиска помош до 100.000 евра упати денес портпаролот на македонската Влада, Александар Ѓорѓиев.
-Во рамките на оваа помош која што тие може да ја добијат од страна на државата, тие може да претендираат за да добијат средства кои што ги имаат како издаотоци направено во процесот на основање, воспоставување на самата задруга или во процесот на самата дејност спроведувана во рамките на 2014-та година. Овде влагаат трошоци кои се направени за закуп на простории, за опремување на просториите на самата земјоделска задруга, трошоци направени за плати на раководителот на земјоделската задруга или ангажирање на други надворешни стручни лица кои имаат значителна улога во работата на самата задруга како сметководители, адвокати, нотари..., истакна Ѓорѓиев.
Заинтересираните можат да се јават на телефонскиот број 02-3097-460, каде можат да добијат информации, помош и совет, како и за што да аплицираат.
Сите земјоделски задруги впишани во регистарот на МЗШВ можат да ги достават своите поднесоци до Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. Како што потенцира Ѓорѓиев, тие треба да приложат определена документација, финансиски документи кои ги потврдуваат направените трошоци. По единица земјоделска заедница можат да се добијат до 6 милиони денари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа