"Давај ги парите ако ти е мил животот" - крадците синоќа направиле парче

Крадците во текот на вчерашниот ден направиле парче. Околу 21 часот и 30 минути во Прилеп во продавницата ДООЕЛ „Ирена“ на улицата Војводинска, две непознати и маскирани лица и се заканиле на вработената со нож и и одзеле 6.000 денари од дневниот промет.

 Исто така, во Скопје, на улицата Ангел Димовски, засега непознат сторител извршил кражба во станот на 44-годишниот С.М.Ф. од каде зел пари и накит вредни 400.000 денари.

Крадците не мирувале и во битолско. Вчера во домот на 71-годишниот Е.К. во селото Бистрица, непознат сторител пронаоѓајќи го клучот од влезната врата влегол  и одзел 315.000 денари.

Полицијата работи на пронаоѓањето на сторителите.

06.11.2014 - 12:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега