Трагедија: Воз прегази 1 месечно бебе пред Гевгелија

Товарен воз синоќа усмрти Авганистанец и неговото бебе кое имало само 45 дена.

Несреќата се случила на пругата Скопје-Гевгелија кај местото Јаворица во близина на селото Давидов, информираат од МВР.

Покрај починатите во групата имало и други мигранти.

Се почесто тие ги користат пругите како ориентир за движење при нивниот обид да ја поминат земјава откако преку илегални премини ќе влезат од Грција.

Пред неколку дена, уште еден емигрант беше прегазен од воз.

06.11.2014 - 12:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега