Зошто часовникот во рекламите на Apple секогаш покажува 9:41?

 

Сите понови производи на Apple изминативе години времето на часовникот во рекламите покажува 9:41. Причината за ова е следење на еден вид  традиција која започна уште во 2007 година, кога Стив Џобс го претстави првиот iPhone, пренесува popsugar.

Кога во 2007 година заврши презентацијата на Стив Џобс и на екранот се појавил првиот iPhone времето покажувало 9:42 па ова време Apple го употреби во понатамошните маркетинг кампањи. Сепак, неколку подоцна беше направена промена од една минута и на рекламите стои времето кое покажува 9:41.

Оваа промена се должи на претставувањето на iPad што се случи во 2010-та година.

Ваквиот пристап при создавањето на маркетинг кампањите во 2010-та го објасни Скот Форестал додека беше заменик директор на софтверскиот оддел во Apple. Тој вели дека презентациите на Apple се така смислени да новиот производ биде претставен 40-тина минути по почетокот од презентацијата.

06.11.2014 - 12:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега