Си направил бесилка од постелнината и се обидел да се убие - вистинска драма во прилепскиот затвор

 

Вистинска драма се случувала ноќеска во 1 часот по полноќ во прилепскиот затвор. Според Канал 5, еден од затворениците се обидел да се убие со бесење. 

Неколку затвореници пред да заспијат забележале дека 35 годишен осуденик од Куманово висел на бесилка. Според Канал 5, кумановчанецот ја искористил постелнината за да си ја направи бесилката. 

-Затворениците брзо реагирале, една група  во последен момент го симнала од бесилка а другите   ја алармирале затворската стражарска служба. Веднаш била повика  итната  медицинска помош, а лекарите со крајни напори го повратиле затвореникот во живот, пренесува Канал5.

Според Канал 5, осудениот кумановчанец одлежувал 6 години затворска казна за сторени повеќе кривични дела. Тој, информира телевизијата, веќе подолго време бил во депресија и со месеци немал посета од неговите најблиски. 

најчитано сега