Кокино презентиран на археолошкиoт саем во Италија

Мегалитската опсерваторија Кокино заедно со другите археолошки локалитети од Македонија неодамна беше презентирана на археолошки саем во Салермо, Италија.

Италијанците покажале интерес да го посетат Кокино.

-Тур оператори од Италија сакаат да се поврзат со македонски туристички агенции и да носат италијански туристи на Кокино. На саемот покрај обични граѓани имаше и многу историчари, археолози. Некои веќе знаеја за Кокино, а некои прв пат слушнаа дека во Македонија има таква мегалитска опсерваторија. Ние им поделивме брошури, публикации “Македонија вечна“ каде можат да се информираат за нашите цркви, манастири, локалитети, велат од Управата за заштита на културното наследство.

07.11.2014 - 12:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега