Спасов: Со новиот закон ќе се намали сивата економија, ќе се зголеми бројот на работни места и ќе се унапредат работничките права

Првата јавна дебата за предлог-законот за забрана си спречување нерегистрирана дејност се одржа денеска во Скопје во Сојузот на синдикати на Македонија.

Дебатата ја отвори министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, кој истакна дека станува збор за сосема нов закон во чијашто расправа учествуваат повеќе релевантни институции.

Спасов истакна дека за овој предлог-закон изминатиот месец се правеле опсежни анализи и посочи дека слични вакви закони неодамна се донесени и во Хрватска и Словенија.

Предлог-законот бил разгледан и на економскиот совет, а се очекува да има уште една ваква јавна расправа.

-Целта на овој закон е да се регулираат нерегулираните дејности во поголем обем во Република Македонија. Не смееме да дозволиме со недоречености во повеќе закони да се провлекува сивата економија, истакна Спасов.

Со регулирањето на нерегистрираните дејности од поголем обем, се очекува да се унапредат работничките прават, работниците кои работат кај нерегистриран правни лица, не им тече стаж и не се вклучени во системот на социјално здравствено осигурување.

Со спречување на нерегистрираните дејности ќе се сузбие нелојалната конкуренција, а ќе се зголеми и наплатата на даноци кон државата.

Исто така, со овој закон ќе се заштитат и потрошувачите, секој понудувач на услуга ќе се лиценцира и гарантира за извршената услуга на потрошувачите, нелиценцираните немаат таква обврска.

07.11.2014 - 13:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега