Многу музика и забава - сите детали за Македонскиот радиски фестивал МАРС 2014

Седмото издание на Македонскиот радиски фестивал МАРС 2014 годинава ќе се одржи на 25 ноември во Универзална сала – Скопје. Фестивалот годинава е посветен на Град Скопје како дел од програмите со кои се одбележува големиот јубилеј, 70 години од ослободувањето на Град Скопје, кој е и главниот финансиски поддржувач на фестивалот од првиот ден на неговото постоење.

Изборот на најпопуларните годинешни радиски хитови како и до сега беше добиен по пат на радиоселекција од 40-ина локални, регионални и национални радиостаници ширум Македонија. 15-те највртени песни во македонскиот радиоетер се најдоа на финалната листа, а од нив на финалната вечер ќе настапат само оние изведувачи чии песни ќе понесат една од наградите распределени во следниве категории:

  1.       Радиски Поп хит
  2.       Радиски Поп-Рок хит
  3.       Радиски Ар-Ен-Би или Рап хит,  
  4.       Радиски хит испеан од Женски вокал
  5.       Радиски  хит испеан од  Машки вокал
  6.       Радиски  хит од Група 
  7.       Радиска балада

За нив гласаа претставниците на 12 одбрани локални, регионални и национални радиостаници во Република Македонија кои годинава го сочинуваа фестивалското жири и тоа:

  1. Македонско радио – Радио 2
  2. Радио Слободна Македонија
  3. Скај радио – Скопје
  4. Фортуна радио – Скопје
  5. Бубамара радио – Скопје
  6. Комета радио – Гостивар
  7. Кис радио – Тетово
  8. Супер радио – Охрид
  9. 5 ФМ радио – Велес
  10. Тајм радио – Гевгелија
  11. Експрес радио – Струмица
  12. Галакси радио - Кавадарци

Наградите:  Ѕвезда што се раѓа, Трајни вредности и Партнерство за хит ги доделува Советот на Македонскиот Радиски Фестивал МАРС 2014.

Нивните добитници исто така настапуваат на финалната вечер на МАРС 2014, плус специјалните гости: Нина Бадриќ и Бојан Маровиќ, како и нашиот Даниел Кајмакоски.

За Апсолутен радиски хит ќе биде прогласена песната која се најде на најголем број на листи со највртени македонски хитови испратени од вкупниот број ( над 40) радостаници од цела Македонија. Нејзиниот изведувач добива плус парична награда од 60.000 денари и бесплатно користење на Универзална сала во 2015 година исклучиво за свој солистички концерт.

За категоријата Најдобар текст на песна од 15-те финални песни како и секоја година гласаат новинарите од печатените медиуми и интернет портали кои ја третираат естрадата, и македонската забавна музика. Авторот на текстот на песната добива парична награда од 10.000 денари, а песната ќе биде изведена на МАРС 2014.

За Радиски хит во 2014 год. според Изборот на фановите ( публиката) ќе биде проглсена една од 10-те финалнопласирани песни  за која фановите на Фан Страницата на МАРС 2014 на Фејсбук ќе кликнат најмногу лајкови почнувајќи од денес во наредните 14 дена. Песната ќе биде изведена на МАРС 2014, а нејзиниот изведувач добива парична награда од 30.000 денари и бесплатно користење на Универзална сала во 2015 година исклучиво за свој солистички концерт.

МАРС 2014 ќе биде директно пренесуван на првиот канал на националниот РТВ сервис – МТВ со почеток во 20:30 часот, а водители ќе бидат Марија Петровска од најгледаниот естраден ТВ магазин „Бекстејџ“ и Ване Марковски, радиоводителот на емисијата „Мак сцена“ на националната радио мрежа, Радио Слободна Македонија. 

На финалната вечер ќе настапат следните изведувачи кои и ќе ги понесат наградите:

  1.        ТАМАРА – Тажна љубов, среќна песна
  2.        ДИМИТАР АНДОНОВСКИ – Само тоа го можеш ти
  3.        НОКАУТ – Добро утро, будење
  4.        ВЛАТКО ЛОЗАНОСКИ – Мандарина
  5.        САРА МЕЈС – Врне, врне
  6.        БЕТА ХАУС – Емили
  7.        ВИКТОРИЈА ЛОБА & ДЕКСО – Само мој
  8.        TYZEE – Дома си е дома
  9.        КРИСТИНА АРНАУДОВА – Земи ме
  10.    БИБА ДОДЕВА – Врати се

  Специјалните  гости:

     Даниел Кајмакоски

     Бојан Маровиќ

     Нина Бадриќ

Македонскиот радиски фестивал и годинава останува да биде завршна годишна манифестација која ги потенцира, вреднува, наградува и валоризира најпопуларните македонски забавни песни во македонскиот радиоетер. Фестивалска смотра која претставува ревија на ѕвезди и парада на нивните хитови или со еден збор, МАРС е македонскиот музички ол старс.  

07.11.2014 - 13:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега