Ромскиот oбразовен фонд додели стипендии за 120 студенти Роми

Вкупно 120 ромски студенти од Македонија добија стипендија од страна на Ромската меморијална универзитетска програма за стипендирање (Roma Memorial University Scholarship Program) за продолжување на нивното академско образование во учебната 2014-2015 година.

Со тоа овие студенти се приклучија на 1.070 стипендисти на оваа Програма од Албанија, Бугарија, Чешка, Унгарија, Косово, Романија, Србија, Словачка и од Турција. Како што беше истакнато на свеченоста органзиирана на Правниот факултет на УКИМ, тоа е резултат на десетгодишниот напор на Ромски Образовен Фонд да создаде генерации млади Роми кои ќе бидат активни во сите области на академскиот и професионалниот живот.

Р.Е.Ф програмата за стипендирање, секоја година, доделува над 1500 стипендии на студенти - талентирани Роми. Вклучувајќи го и овој годишен циклус, Р.Е.Ф. успешно обезбеди над 15.000 стипендии и продолжува да промовира пристап до квалитетно образование за Ромите со неговите поврзани програми.

07.11.2014 - 15:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега