Продолжува трендот на зголемување на социјалната помош

Измените на Законот за социјална заштита кои треба да овозможат зголемување на социјалната парична помош и постојаната парична помош за пет проценти веќе влегоа во собраниска процедура во прво читање. Ова, како што изјави денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, значи продолжување на трендот на поддршка за овие ранливи категории граѓани.

- Со самите измени се предвидува продолжување на трендот на зголемување на социјалната парична помош и на постојаната парична помош за граѓаните коишто се наоѓаат во најтешка ситуација и кои се приматели на оваа парична помошт при што се предвидува зголемување за пет проценти од јули 2015, рече Спасов, одговарајќи на новинарско прашање пред јавната расправа за законското решение за регулација на нерегистрираните дејности.

Додаде дека од 2006 до 2013 година социјалната парична помош се зголемила за 47 проценти, додека постојаната парична помош се зголемила за 46 проценти.

07.11.2014 - 15:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега