Шокантна исповед на бисексуалец: Бев најбараниот љубовник на нашите политичари!
Со некои бев, некои ги одбивав, а само еднаш се исплашив во животот, кога ми пријде сопругата на познат политичар и побара од мене да имам секс со нејзиниот сопруг. Вака си ја отвара душата жиголо од Србија. Момчето вели дека поминало се и сешто во животот и дека е најбараниот љубовник меѓу српските политичари.
- Си ги сакааат жените, но најчесто сакаат да ја делат постелата и со сопругата и со друг маж. Не сакам да имам секс со политичари бидејќи се премногу несигурни во себе. Тотална спротивност се на она што секојдневно го гледаме на телевизија, вели момчето за српскиот Курир.
Според неговите зборови, многумина сакаат да се облекуваат како жени и да бидат потчинети. Вели дека највеќе бил исплашен кога му се јавила сопругата на политичар кој го препознал од весниците, и побарала да има секс со него. Момчето вели дека политичарот бил хомосексуалец, а иако имал сопруга и деца со неа, тие му биле само маска пред очите на јавноста, бидејќи уживал да ја дели постелата со други мажи.
- Јас сум бисексуалец и обожувам секс. Сакам да уживам, но да им пружам задоволство и на другите. Немам проблем да експериментирам, но не со секого, вели момчето.
Тој додава и дека многу мажи во Србија си ги сакаат жените но сакаат и мажи. Понекогаш отидов да пијам со пријателите е најчеста реченица со која мажите се вадат додека се во кревет со друг маж.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа