Волци нападнаа стадо овци во гостиварско

Во гостиварското село Горна Бањица волци нападнале стадо со овци при што усмрртиле осум, а три се повредени. 

Случајот, вчера го пријавил сопственикот на стадото Умрилија Јакупи (47) од Горна Бањица. Тој, рано утрото видел два поголеми волка кои влегле во трлото и се обидел да ги набрка.

- Невообичаено е волци да доаѓаат толку близу до селото и загрижени сме бидејќи може да нападнат и луѓе. Сме гледале во околината дека ги има, но со вакво нешто досега не сме се соочиле. Ќе бараме заштита, а во меѓувреме ќе се организираме со стражи за да не дојде до некоја трагедија, вели Јакупи

По нападот на волците, биле повикани инспектори од подрачната единица на Министерството земјоделство, шумарство и водостопанство кои извршиле увид.

Според сопственикот и првичните проценки штетата се проценува на околу три 180 илајди денари.

10.11.2014 - 11:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега