Бизарна смрт ја потресе Крива Паланка - еве ги деталите

Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи изутрината во 6:55 часот на магистралниот пат Крива Паланка - Куманово во атарот на селото Конопница.

СВР Куманово информира дека несреќата се случила кога на автобус со скопски регистарски таблички управуван од 52-годишниот Љ.Ј. од кривопаланечкото село Конопница, што се движел во насока кон Куманово, му се отворил капакот од багажниот простор и го удрил пешакот Милан.С, кој се движел покрај патот.

Од здобиените тешки телесни повреди, 76-годишниот Милан С. починал на самото место, констатирале лекарите од Медицинскиот центар во Куманово.
10.11.2014 - 11:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега