ФОТО од големиот пожар во скопски Карпош

Шест противпожарни возила во моментов го гасат пожарот во близина на ресторано Имес во скопски Карпош, велат очевидци за Press24. Од скопската Противпожарна служба велат дека интервенираат на запалени неколку бараки кои служеле како магацински простор околу споменатиот ресторан. Пожарникарите се уште се справуваат со пожарот. Првичните информации се дека освен материјална штета нема човечки жртви. Се уште не се знае како избил пожарот и кои се причините.

11.11.2014 - 00:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега