ЕКСКЛУЗИВНО: Фатен тројниот убиец од Кавадарци - дошол на гробишта

Уапсен тројниот убиец од Кавадарци Тони Станоев, дознава Press24 од полициски извори. Според нашите информации, тој бил фатен пред половина час на гробиштата во Кавадарци. Полицијата имала сознанија дека тој ќе се појави таму и му поставила заседа.  Кога Тони ги видел полицајците почнал да бега при што полицијата испукала неколку куршуми во воздух во знак на предупредување. 
По приведувањето кај ТОни е најден и пиштолот со кој е извршено убиството во кој имало 2 куршуми. 
Нашите извори велат дека тој не знаел дали преживеале неговите жртви и прашувал дали се мртви. 
Од полицијата потврдуваат дека го имаат приведено осомничениот за убиството на семејството од Кавадарци но не откриваат повеќе детали.
Тони Станоев завчера во семејната куќа во Кавадарци ги уби родителите на својата поранешна сопруга и нејзината сестра.

11.11.2014 - 11:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега