Кажете ми дали ги убив? - детали за апсењето на тројниот убиец од Кавадарци

„Кажете ми дали ги убив“. Вакви прашања поставувал тројниот убиец од Кавадарци кого полицијата го уапси утрово околу 11 часот на гробиштата во неговиот град. Нема информации зошто дошол таму, но се претпоставува дека сакал да знае дали се мртви родителите на неговата поранешна сопруга и нејзината сестра. Полицијата ги добила овие инфомрации и го чекала на гробиштата. Таму се појавил со пиштолот за кој се претпоставува дека е користен при тројното убиство. Во него имало уште 2 куршуми. Кога го забележале, полицајците тргнале по него. Тони Станоев ги забележал и почнал да бега. Почнала потреата. Во знак на предупредување, полицајците испукале во воздух. Кога Тони забележал дека не може да побегне се предал и бил совладан. 
Од МВР потврдуваат дека го имаат тројниот убиец но не откриваат повеќе детали.
Тони Станоев завчера во Кавадарци изврши тројно убиство, застрелувајќи ги родителите на неговата сопруга и нејзината сестра. 

11.11.2014 - 11:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега