Пред неколку дена го пријавиле за исчезнат - денеска го најдоа со автомобилот во бездна без една рака

Безживотно распрачано тело на младо машко лице е пронајдено околу 10 часот утринава на магистралниот пат Гостивар-Кичево, дознава Курир.

Утринава добиле пријава дека во длабока бездна во близина на сепарациите на магистралниот пат има паднато возило „Шкода Октавија“ со скопски регистерски таблички и едно починато лице.Телото било делумно распарчано, односно дел од раката бил растргнат. На лице место увид вршат полициски екипи во присуство на јавен обвинител, по што ќе бидат познати повеќе детали.

Првично се работи за момче од гостиварско кое пред неколку дена било пријавено за исчезнато. Ваквите информации од полицијата не ги потврдуваат.

11.11.2014 - 12:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега