Масовна тепачка во средното ЕМУЦ во Скопје - со татко му и чичко му ги тепал класниот и професорите

Ученик со својот татко и чичко се степал со класниот и уше неколку професори во училиштето 8 Септември, поранешен ЕМУЦ во населбата Автокоманда во Скопје.

Како што дознава Press24 денеска околу 11:30 часот  во СДУ-8 Септември, каде има неколку паралелки од ДСУ„Владо Тасевски“ од албанска националност, настанала тепачка помеѓу ученикот С.Б., неговиот татко и неговиот чичко, од една страна и од друга страна класниот професор М.А. и неколку други професори.

Од полицијата го потврдуваат случајот и велат дека се преземаат мерки за негово расчистување.

Нема информации од кои причини избила тепачката

11.11.2014 - 13:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега